Македонијо во срце те носиме – музички караван

Во септември и октомври 2023 повеќе македонски музичари ќе го поминат на турнеја низ Македонија. Музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме“ веќе тргна од Штип, а до средината на октомври ќе посети повеќе градови.

Целта на „Македонијо во срце те носиме“ како што велат неговите организатори е да ги возобнови македонските патриотски песни. Песните ги изведуваат Ламбе Алабакоски, Мина Блажев, ДНК, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Наум Петрески, Бојана Скендеровски, Марија Спасовска, Сузана Спасовска и Александар Тарабунов. Познатите македонски пејачи изведуваат познати македонски песни во аранжман на Николче Мицевски.

Македонските пејачи на турнејата ќе ги отпејат: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Едно име имаме“, „Заветна“, „Земјо македонска“, „Ми заплакало село Ваташа“, „Море сокол пие“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Оган да го гори“, „Ој Вардаре“, „Послушајте патриоти“.

Првиот концерт веќе се одржа во Штип, а турнејата продолжува во неколку други градови низ државата. На листата се Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, (повторно) Битола и Скопје. Ако планирате да ги посетите концертите, еве кога се одржуваат:

  • 13 септември во Битола со почеток во 20:30
  • 20 септември во Велес со почеток во 20:30
  • 27 септември во Прилеп со почеток во 20:00
  • 1 октомври во Кочани со почеток во 20:00
  • 4 октомври во Тетово со почеток во 20:00
  • 8 октомври во Битола со почеток во 20:00
  • 11 октомври во Скопје со почеток во 20:00

А еве и дел од атмосферата.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи