Турскиот пејач Таркан со песна ги поздрави одбојкарките

Турската мегаѕвезда, пејачот Таркан го поздрави успехот на турските одбојкарки со песна. „Hep Birlikte Milli Takım“ (Сите заедно национален тим) е своевидна химна на Турската женска одбојкарска репрезентација. Песната е преработка на хитот на Таркан „Öp“. Во музичкиот дел нема премногу разлики. Промена има кај текстот што е прилагоден за „Султанките на мрежата“ и е своевидна навивачка химна.

Турските одбојкарки се шампионки на Европа. Во финалето на Европското првенство во одбојка ја совладаа репрезентацијата на Србија. Ако сакате да ја преслушате песната „Сите заедно национален тим“ може да го направите тоа на Spotify, YouTube или не некоја друга популарна платформа за преслушување музика.

TARKAN – „Hep Birlikte Milli Takım“ (Сите заедно национален тим)

Таркан Теветоклу (Tarkan Tevetoğlu) попознат како Таркан е еден од најпознатите турски музичари. Има огромно влијание во турската поп музика. Роден е во Германија, но заедно со семејството се вратил во Турција во 1986. Познат е по неговите заразни мелодии и ритам. Дури и да не го препознавте неговото име сигурни сме дека ќе го препознаете хитот кој го прослави. Тоа е песната „Şımarık“.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи