Погребан грчкиот трапер Gameboy Melody

Грчкиот трап артист Gameboy Melody Почина на 2 септември 2023, на 23-годишна возраст. Пејачот поради сериозни здравствени проблеми беше во болница од 29 август 2023. Веста за смртта на Инстаграм ја објави неговиот пријател и соработник Snik.

„Почивај во рајот мој мал брату“, објави Snik на Инстаграм заедно со фотографија од Gameboy Melody.

Неколку часа по објавата додаде дека причина за смртта на Gameboy е сериозна болест, а не сообраќајна незгода како што се шпекулираше. Дел од медиумите веднаш по објавата без да почекаат официјални информации објавија дека пејачот загинал во сообраќајна несреќа на патот од Никеа (Νίκαια) до Атина. Подоцна оваа информација беше дементирана.

Gameboy Melody порасна во Атина и како млад започна да се занимава со музика. Беше дел од издавачката куќа основана од Snik, Ath Records. Во својата, за жал, кратка кариера соработуваше со Snik и YT. За Ath Records издаде 2 соло сингла и 3 соработки.

Погребот се одржа на 6 септември 2023 во Атина.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи