Пред две недели познатиот рапер Дрејк (Drake) од Канада на својот инстаграм профил го објави каверот (cover) за неговиот нов албум. Името на новиот албум е „For all the dogs“ (За сите кучиња), а неговото објавување е закажано за 22 септември 2023.
За Drake ова е 8. студиски албум. Фановите нестрпливо го чекаат 22 септември 2023, објавувањето на новиот албумот.
Дури и Dennis Graham (таткото на Drake) имаше нешто да каже за новиот албум на својот син.
„Имав задоволство да седам во соблекувалната на мојот син и да го слушам овој нов албум и морам да кажам дека тој е еден од најдобрите што сум ги слушнал од него, а сигурен сум дека на сите фанови на Дрејк низ целиот свет ќе им се допадне. „For all the dogs“ е она што го чекавме, честитки сине, навистина ми се допаѓа ова“
вели Dennis Graham (таткото на Drake)
Ова ги направи фановите уште понестрпливи. Drake му се заблагодари на својот татко и кажа дека е среќен што му се допаѓа новиот албум, „For all the dogs“.
1 comments