Елени Фуреира

Елени Фуреира (Ελένη Φουρέιρα) е натурализирана грчка пејачка, актерка, танчарка и модна дизајнерка, со потекло од Aлбанија. Пејачката е родена во 1987 година во Фиер, Албанија.

Во 1997 година поради немирите во Албанија и напади врз семејната куќа нејзината фамилија мигрирала во Атина. Тука започнал нејзиниот интерес за музиката и почнала да учи да свири гитара. Нешто подоцна започнала и со работа во театар.

Photographer: Dewayne Barkley, EuroVisionary / CC BY-SA 4.0

Поради тоа што стравувала дека поради своето албанско потекло нема да биде прифатена од музичката индустрија, во почетокот таа го криела своето потекло. Најпрво се претставувала како Бразилка, а потоа ја сменила приказната и велела дека татко и потекнува од Грција. Подоцна решила да открие дека е родена во Албанија, а грчкото државјанство го добила преку нејзиниот дедо кој бил Грк.

Фуреира ја започна својата музика кариера во 2007 година во грчката женска поп група Mystique (Мистика). За жал триото не траеше долго.

По две години и 2 издадени сингла „Se alli selida“ и „Min kaneis pos de thymasai“ Mystique се распадна и девојките продолжија со соло карирери.

Соло кариера

Со соло кариера Елени започнала две години по распаѓањето на групата Mystique. Првиот албум и професионален договор го потпишала со Universal Music Greece.  Во 2010 година го издала својот прв албум со назив исто како нејзиното полно име и презиме „Ελένη Φουρέιρα“. Ова е и единственото соло издание кое пејачката го издаде за Universal Music Greece.

Во 2012 година за Minos EMI го издала својот втор албум „Ti Poniro Mou Zitas“ (слободен превод: Итро ме прашуваш). За истиот издавач во 2014 година го издала третиот албум „Anemos agapis“ (Ветар на љубовта). Од 2015 до 2016 направила кратка музичка пауза. За тоа време имала улога во мјузиклот „Barbarella: the 80’s Musical“ заедно со други грчки поп ѕвезди . Во 2017 година го издаде својот четврти албум „Vasillissa“ за Panik Records.

Елени Фуреира е евровизиската претставничка на Кипар во 2018 година

Покрај неколку обиди да ја претставува Грција на Евровизија, Елени Фуреира никогаш не успеа во таа намера. Во 2018 година беше избрана да го претставува Кипар со песната „Fuego“. Пејачката го освои второто место зад побеничката песна на Израел.

Со настапот на Евровизија пејачката си ја оствари својата повеќегодишна желба. „Отсекогаш сакав да настапувам на Евровизија.“, откри Елени во интервју за магазинот Beautiful People. Куриозитет на нејзиниот настап на Евровизија е што таа година на натпреварот учествуваа три Албанци кои претставуваа 3 различни држави.

Последни изданија

Една година по настапот на Евровизија, во 2019 година Елени Фуреира започна да работи на својата меѓународна кариера. Пејачката го издаде своето прво проширено издание (EP) „Gypsy Woman“. Изданието го промовираше со европска турнеја. До моментот на пишување на овој напис, нејзиниот последен студиски албум е „Poli Ploki“ (градот Плоки) издаден во 2022 година.

Истата година ја овојави својата соработка со KAAN и Snoop Dogg синглот „Sirens“.

На 27 мај 2023 започна нејзината голема турнеја „Reborn Tour“. Пејачката настапуваше на повеќе локации во Грција и Кипар.

Елени Фуреира – дискографија

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи