Серијата „Идол“ нема да ја дочека својата втора сезона

По само една сезона телевизиската мрежа HBO одлучи да ја прекине ТВ серијата „Идол“ (The Idol).

„Идол беше една од најпровокативните оригинални содржини на HBO и задоволни сме од одзивот на публиката. По долго размислување HBO, креаторите и продуцентите одлучија да не продолжат со втора сезона“

вели портпаролот на HBO

ТВ серијата „Идол“ е сатира на музичката индустрија. Нејзини креатори се канадско-етиопскиот пејач Абел Тесфаје (Abel Makkonen Tesfaye) – The Weeknd , Сем Левинсон (Euphoria) и сценаристот и продуцентот Реза Фаим.

Во првата сезона, серијата ја следи Џоселин (Лили-Роуз Деп), поп пејачка која се вљубува во Тедрос, сопственик на ноќен клуб и водач на култ, кој го игра The Weeknd.

Embed from Getty Images

Веста за нова серија од Сем Ливингстон уште веднаш ги израдува љубителите на Euphoria. Сепак, лошата атмосфера на снимањето уште од самиот почеток, придонесе за крај на серијата по првата сезона. Идол беше критикувана и за мизогинија и неразработени ликови, а дел од критиката ја нарече „најлошата програма на сите времиња“.

Крајот за серијата не е изненадување. Првите гласини за прекин на снимањето започнаа уште пред да биде емитувана финалната епизода. Првиот режисер на серијата го напушти снимањето пред крајот, па продуцентите мораа да бараат замена.

The Idol требаше да биде најголемата хит-серија на HBO ова лето. На крај серијата дојде до куп негативни критики и оценка 19%, од критиката на Rotten Tomatoes.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи