Виолинистот Петар Маркоски на регионална турнеја

Оние кои имаат одлична меморија можеби се сеќаваат на детето со виолината од М2 „Потрага по ѕвезда“. Виолинистот Петар Маркоски денес има 33 години, но и натаму не го напуштила љубовта кон музиката. Овој пат препознатливите поп рефрени ги изведува со неговата виолина. На неговиот репертоар се песни од Френк Синатра, Дин Мартин, Елвис Присли, Abba, Хулио Иглесијас, Адел и многу други класици.

Виолинистот Петар Маркоски од Охрид е и пејач и композитор. Веќе има над две илјади настапи, а по се изгледа нема намера да забави. Петар има актуелен договор со еден од најдобрите менаџери во Европа – поранешен менаџер на Стјепан Хаусер и летово работи на програма за концерти што треба да се случат надвор од Македонија.

Неговото музичко образование започна од неговата седумгодишна возраст, а со настапи низ охридските кафулиња започнал уште како средношколец. Во 2009 година на фестивалот Охрид фест со групата Stuck On го освоија второто место од публиката за песната „Барам утеха“.

Петар свири сѐ од класична до поп и рок музика, но песните ги аранжира за изведба на виолина. На неговиот YouTube-канал може да преслушате педесетина песни. За жал иако има и авторска музика, нема да можете да ја најдете на неговиот канал.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи