Италијанскиот пејач, композитор и музичар Салваторе „Тото“ Кутуњо најпознат по хитовите „Литалијано“ (L’Italiano) и „Инсјеме“ (Insieme): 1992“ почина на 80 годишна возраст. Пејачот починал по долго боледување, а состојба на неговото здравје се искомплицирала последните неколку месеци.
Ако Модуњо беше господинот Воларе кој направи нашата мелодија да биде ценета во САД, за остатокот од светот Тото Кутуњо беше симболот на „вистинскиот Италијанец“. Не постои таксист кој, откако го воочил нашиот акцент, не бара спој со интонирање на убаво „lasciatemi cantare“.
– Corriere
Кутуњо е роден во Тоскана. Музичката кариера ја започна како тапанар, а на 19 години ја оформил својата прва музичка група Toto e I Tati. Од она што е помалку познато е дека е коавтор на музиката на „Et si tu n’existais pas“ и „L’Été indien“.
Беше редовен учесник на престижниот италијански музички фестивал Санремо. Во 1980 го освои првото место, но веројатно поголем показател за неговиот успех на фестивалот се шесте втори места во 15 учества. Во 1990 година со „Insieme:1992“ го освои првото место на Евровизија, фестивал инспириран од Санремо. Песната е своевидна химна на обединувањето на Европа.
Погребот ќе се одржи во Милано.