„Манго“ од Биба во етерот!

„Манго“ е новата песна на Биба (Biba) кој е член на групата Црни Церак (Crni Cerak). Песната е објавена на 18 август 2023, но веќе е позната на слушателите бидејќи беа споделувани делови од песната на социјалните мрежи пред нејзиното официјално објавување.

Биба е српски рап артист кој е дел од групата Црни Церак. Тој е многу популарен кај помладите слушатели. Текстовите на песните на Биба се исполнети со емоции кон неговата девојка, неговите другари и неговото маало. „Топ“ е неговата последна песна што ги обиколи телефонските уреди на кои младите од Балканот ја преслушуваа оваа песна.

Тој заедно со другите артисти од Црни Церак ги објавуваат најдобрите делови од песните на социјалните мрежи пред тие официјално да бидат објавени.

Автор на текстот и музиката е Ѓорѓе Бибиќ – Биба (Đorđe Bibić). Аудиомиксот, мастерингот и аранжманот се на 11808. Ѓорѓе Бибиќ ги пее вокалите, а Ивана Жечевиќ ги пее придружните вокали во „Манго“.

Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи
Елени Фуреира
Read More
Елени Фуреира
Елени Фуреира (Ελένη Φουρέιρα) е натурализирана грчка пејачка, актерка, танчарка и модна дизајнерка.