„Ку ку куката“ е првата песна од најавениот албум на Donplaya

Donplaya - Ку ку куката

Донплеја (Donplaya) ја објави првата песна „Ку ку куката“ со која го најави неговиот трет албум „Евродон“. Албумот е најавен и се очекува да биде објавен на 8 септември 2023. „Македон“ и „SinCity 2003“ се првите два албуми на Донплеја.

Последна песна од Донплеја (Donplaya) е „Nixepole vibez“ во соработка со Johnny Larry.

„Ку ку куката“ е објавена на 12 август 2023 на Јутјуб каналот МВРСВР (MVRSVR). Песната е достапна со анимирано видео (visualizer) кое трае 2 минути и 5 секунди направено од Донплеја.

Донплеја е артист од Битола кој веќе десет години објавува песни. Тој има песни што бројат илјадници прегледи. „Саќе“, „Синките лом“ „Донплејада“ се некои од нив. „Slav life“ и „Real slavs“ се двете соработки со познатата Хрватска група „Кукуш“ (Kuku$) што имаат милионски прегледи.

Тексот на песната е на Синката (Donplaya) кој ги пее и вокалите. Аудио продукцијата е на Димитар Саздов (Димчуга). Аудиомиксот на песната е направен од Синката, а мастерингот од Nick Burchall.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи