Нова песна „Жал за ефтина” соработка на охридски и скопски рапери

Жал за ефтина

Охридските рапери Бед Контракт (Bad Contract), Багзи, Топал како и јутуберот Вик Какаротски (Wik Kakarotski) снимија нова песна со назив „Жал за ефтина“. Песната е во соработка со пионерите на македонскиот рап Пука Козметика од Скопје.

Песната е инспирирана од поема на Роксан Казанова, а самата тематиката е острата осуда на жените кои за материјална корист ( КАМЕЊАРКИ/ГОЛДДИГЕРКИ ) се спремни да си ја продадат душата и телото.

Песната „Жал за ефтина“ се снимаше во музичкото студио МВП во Охрид. Музиката е на Пука Козметика и Наум Доловски (Мечка) кој го изработи и аранжманот. Текстот е на сите спомнати рапери.

Артистите за видео спотот велат дека е снимен на неколку локации во Охрид. Тие додаваат дека реализацијата на видео илустрацијата била вистински предизвик. Спотот е снимен за еден ден и монтиран за неколку дена.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи