После првиот албум „Лирички вандализам“, Максимус Вандал (Maximus Vandal) се одлучи за втор дел. На почетокот на јуни 2023, тој го објави новиот албум со наслов „Лирички вандализам 2“. Во албумот има соработки со други хип-хоп имиња. Двајца од нив се Лазар Христов – Лаз Веѓас и Никола Трпески – С.А.М.
Албумот „Лирички вандализам 2“ е достапен на сите популарни платформи за преслушување (streaming) на музика вклучително и Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Еп’л мјузик (Apple Music), како и на Јутјуб (Youtube).
„Кој е Вандал?“, „Раподелник“ и „Буди се стани 2“ се само три песни од деветте во албумот.
„Кој е Вандал?“, „Мускетарите од центар“ и „Ск-те“ се соработки со Лаз Веѓас и Lux Kmala од Dope Kukjata. Во „Пази друже“ рапуваат Лаз Веѓас и Спаски.
На инженерскиот дел (аудио продукција) во албумот имаат работено Владимир Лукиќ (Maximus Vandal), Никола Трпески (С.А.М.) и Лука Кантарџиев (Lux Kmala). Мастерингот е направен од Владимир Аговски (Аго).