Тамара Тодевска со нов сингл „Торнадо“

Тамара - Торнадо

Тамара Тодевска го објави „Торнадо“, својот втор сингл оваа година на 21.07.2023.

Во реализирањето на песната учестуваат Лазар Цветковски,  пријател и соработник на Тамара, кој заедно со неа беа задолжени за аранжманот и музиката. Текстот е напишан од српската пејачка Ана Радоњиќ која го напиша текстот и за песната „Mamim“ на сестра и Тијана.

Тамара оваа година го издаде и синглот „Нијагара “ што исто така беше обраќање примарно за публиката на српското говорно подрачје.

„Торнадо“ е уште еден сингл со кој Тамара и се обраќа примарно на публиката што го разбира српскиот јазик, а понатаму и на хрватскиот, босанскиот и црногорскиот. Синглот веднаш го привлече вниманието на публиката. За помалку од 1 час песната доби повеќе од 2.000 прегледи на Јутјуб (YouTube).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи