„Место од спомени“ е прва песна на македонски јазик од Тамара Волческа

Тамара Волческа - Место од спомени

Новата песна „Место од спомени“ е прва песна во која Тамара Волческа пее на македонски јазик. Песната заедно со спотот буди емотивни и носталгични чувства.

Choosing you“ и „Do you remember“ се наслови на другите 2 песни на Тамара што се испеани на англиски јазик.

„Место од спомени“ има видео запис што е достапен на Јутјуб (YouTube) каналот на Тамара Волческа. Авторот на видео записот е Петар Тутунџиев. Текстот на песната е на Тамара Волческа која ги пее и вокалите. Како и во сите песни на Тамара до сега така и во оваа автор на музиката е Весна Малинова.

За аранжманот на песната се погрижил Дарко Тасев. Аудиомиксот и мастерингот се на Дејан Момироски.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи