„Знаеш ли?“ – Димиш

Димиш (Dimish) продолжува активно да објавува авторска музика. „Знаеш ли?“ е најава за неговото ново петто ЕП „11.5: spero“. Тој го најави и се очекува да биде објавено на 14 јули 2023. Песните на Димиш се дел од рок музиката во Македонија.

Омотот за песната воедно и за најавеното ЕП е направено од Ива Ѓорѓиевска.

Новата песна „Знаеш ли?“ има интересен анимиран видео запис. Анимираниот лик од видео записот се движи низ скопските улици. Видео записот е направен од Димитар Чакар.

Димиш своите песни ги прави сам, тоа е случај и со оваа песна. Во „Знаеш ли?“ текстот, музиката и вокалите се на Иван Димишков (Димиш) како и аудиомиксот и мастерингот.

Димиш своите песни паралелно ги објавува и на сите популарни платформи за преслушување (streaming) на музика. Песната е достапна на Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer), Еп’л мјузик (Apple Music) и Бендкемп (Bandcamp)

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи