„Има љубов во нас“ е новиот сингл на Дани Димитровска

Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. Секој сам може да им стави крај на војните во себе, да биде лек за овој свет и секогаш свесен дека има љубов во нас. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов!

вели Дани за својот најнов сингл „Има љубов во нас“ кој го промовираше вчера во АудиоКултура.

Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.

Музичкиот спот за „Има љубов во нас” од вчера е достапен на Јутјуб, а аудио записот заедно со англиската верзија се поставени на сите музички платформи. Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Вучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.

– Весна Малинова

Дани е рок амбасадор на нашата земја веќе 25 години и зад себе има три албуми, бројни награди и признанија, успешни настапи и концерти. Со новиот албум најавува една нова ера во својата кариера, а нејзиниот глас и порака ќе бидат слушнати и надвор од нашите граници

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи