„Многу барам“ е новата песна на Теа(Thea)

Thea - Многу барам

Младата Теа Трајковска (Thea) по пауза од една година се врати со нова песна „Многу барам“. Песната воедно има и видео спот кој е објавен на 21 јуни 2023 на нејзиниот Јутјуб (YouTube) канал. Теа не го смени жанрот ни со оваа песна и продолжи со поп музиката.

Песната е достапна и на сите популарни платформи за преслушување (streaming) на музика вклучително и Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Еп’л мјузик (Apple Music).

Текстот на песната е на Теа Трајковска и Лазар Цветкоски, а Теа ги пее вокалите. Лазар Цветкоски се погрижил за музиката во песната и аранжманот. Тој е музички продуцент на „Многу барам“ и песната е снимена во неговото студио.

„Оваа песна се случи спонтано и таква енергија и носи. Кога правиме нова музика со Лазе сакаме да експериментираме со музичките стилови ама мислам дека ова е правец во кој сум најмногу своја и од тие причини „Многу барам” ми е една од омилените песни кои сме ги направиле. Спотот со Горан го снимавме подолг временски период за да го погодиме „вајбот“ што ни го даваше песната, а во текстот и самата приказна верувам дека секој ќе се пронајде и се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката“

– вели Теа во најавата за песната
Теа Трајковска
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи