Победници на Трапстар шоуто се Жак и Балу

„Мото“ е песна во која се пее на македонски и на албјански јазик. На 7 мај 2023 организаторот – Горила ТВ (Gorilla TV) ја објави песната како победничка на Трапстар шоуто. Жак (Zhakk) и Балу (Balu) за прв пат се појавуваат како изведувачи на македонската сцена, а веќе беа објавени како победници на Трапстар настанот.

Иако Zhakk (Петар Трпески – 5R) е популарен музички продуцент, вооваа песна тој се појавува само како вокалист. За аудиомиксот и мастерингот на оваа песна е задолжен младиот Андрејник.

Текстот за оваа песна како и вообичаено во хип-хоп музиката е на самиоте артисти. Македоскиот текст во песната е напишан од Петар Трпески – Zhakk, а албанскиот дел од текстот е напишан и отпеан од Балу (Balu).

И покрај тоа што Дарко Јовановски има солидно портфолио како музички продуцент, тој за оваа песна го направи видео спотот.

Постои најава за идна сорабоптка помеѓу Zhakk, Balu и Michikash за која се очекува конкретна објава во втората половина на јуни 2023.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи