„Hearts so Cold“ е новиот сингл на македонскиот музичар Борис Цветановски, со сценско име Ris Flower. Песната од 22 ноември е достапна за преглед на видео платформата YouTube.
Цветановски е автор на музиката и текстот, на кои соработуваше со Павле Василјевиќ. „Hearts so Cold“ е снимена во „Studio Ari“ во Истанбул. Аранжманот и продукцијата за песната се на Мустафа Чанбазлар, а за аудиомикс и мастеринг задолжен беше Арика Сиркаја.
„Во време кога на глобално ниво срцата се насекаде ладни, единствено љубовта е нешто што може да ни даде сила, енергија и топлина. Време е да кажеме громогласно „НЕ!“ и да се бориме против негативните влијанија кои се почесто секојдневно не опкружуваат. Верувам дека пораката која ја пренесувам преку мојата нова песна „Hearts So Cold“ ќе допре до луѓето и ќе ги охрабри во овие ладни времиња.“
вели Борис во најавата за инспирацијата зад новата песна,
Под името Ris Flower, Цветановски претходно издадени 3 изданија: сингловите „Translucent“ и „Set Me Free“ и албумот во живо „Live Power Session“. „Live Power Session“ е последниот проект снимен во Универзална сала во Скопје.
Новиот сингл е најава и за првиот албум на Борис Цветановски, кој треба да излезе веќе следната година.
Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.