„Сè што знам“ е насловот на новата песна на пејачката Наташа Миха. Љубителите на рок-музика без сомневање ја препознаваат по работата на бендот Station: Innermost. Соло песните се малку помеки, па метал звукот е заменет со рок, па и поп-рок звук. Промоцијата на песната е на друштвените мрежи, а и видеото е веќе достапно на YouTube.
Покрај вокалот, Наташа е автор и на музиката, и на текстот за „Сè што знам“. Таа елегантно ја спојува волшебната суштина на глобалните музички трендови, додека останува верен на уникатниот уметнички талент и нејзината суштина. Поддршка за музиката доаѓа од Дамир Пух, кој е автор на аранжманот. Пух се погрижи и инженерскиот (аудиопродукцискиот) аспект на оваа песна.
Видеото оживеа во воодушевувачката позадина на околината на Скопје, реализирана под уметничко водство на Ѓорги Вацев.
Во најавата за песната Наташа Миха вели:
„Ми претставува големо задоволство и со гордост ви ја претставувам „Сé што знам“, мојот нов сингл.
Мене срцето ми е полно, посветив многу љубов, работа и време за реализација на целосниот проект и се надевам дека она што ќе го слушнете и видите ќе ги заскокотка вашите сетила и нема да ве остави рамнодушни“.
Наташа и Дамир заедно се дел од метал/хард-рок бендот Station Innermost. Бендот во 2019 година го издаде својот прв албум Exposure, оттогаш издадоа неколку синглови The Light, Four and a Half Minutes Away и My Only One.
Соло кариерата на Наташа започна во 2020, досега со „Сè што знам“ има четири сингла. „Те сонив“, „Пеперутка“ и „Кругот“ ги издаде во 2020 година.