Mладата македонска пејачка Агни Авшар преку социјалните мрежи го претстави својот дебитантски сингл. „Сознавам“ е одлична песна, а вокалот на Агни Авшар ќе им се допадне и на најпребирливите критичари.
Покрај вокалните способности, Автор на музиката и аранжманот е Николче Мицевски, тој заедно со Дејан Момироски е задолжен и за аудио продукцијата на изданието. Автори на текстот се Бети Јанковиќ и Рената Кралевска.
Сепак, и покрај квалитетот на музиката, аранжманот и останатите технички детали што придонесуваат песната да звучи многу допадливо, квалитетот на вокалот е она што привлекува најмногу внимание. Ова особено се однесува за делот во кој Агни прави импровизација со пеењето без зборови (Скат пеење, изворно Scat или Scat Singing во музика, џез вокален стил во кој се користат емотивни, ономатопејски и бесмислени слогови наместо зборови во соло импровизации на мелодија).
Агни Авшар во една своја порака посветена на „Сознавам“ ја истакнува улогата на Бети Јанковиќ во создавањето на ова издание.
„Би сакала јавно да искажам огромна благодарност до сите кои придонесоа за реализацијата на овој музички проект, бидејќи апсолутно ништо не би се спровело без нив! Најпрво, бескрајна благодарност до мојата Бети Јанковиќ без чиешто постоење не само што не би била таму каде што во моментов сум во животот и не би имала се што имам, туку „Сознавам“ би била само убава идеја, нереализиран сон…“
се заблагодарува Агни Авшар
За љубителите на Агни Авшар, таа ќе биде дел од Скопскиот џез фестивал како дел од Јордан Костов Ансамбл (Yordan Kostov Ensemble). Концертот е закажан за 22 октомври во објектот на Националната опера и балет. Настанот ќе биде концертна промоција на најновото издание на SJF Records “Intertwining a Fugue”.
Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.