Yova издаде нов сингл: Where There Is Smoke

YOVA - where there is smoke

Одличното македонско–англиско дуо YOVA на 24 септември 2021 го претстави својот нов сингл „Where There Is Smoke“. Синглот веќе може да се преслуша на повеќето популарни сервиси како DeezerSpotifyBandcamp и на YouTube страницата на YOVA.

„Where There Is Smoke“ е во препознатливиот стил на дуото, кој е тешко да се категоризира во една категорија музика. Самите својата музика ја категоризираат како алтернативен или електронски поп.

YOVA е дуо составено од Јова Радевска од Македонија и Марк Вернон од Англија. На листата на соработници имаат светски познати музичари кои соработувале со повеќе музички ѕвезди и групи. Вокалите и текстот на ова издание се на Јова Радевска; гитарите ги свират Марк Вернон (Mark Vernon) и Биџеј Кол (BJ Cole) кој соработуваше со Бјорк, REM и Beck; Даниел Осаливан (Daniel O’Sullivan) од „Grumbling Fur“ е басист во песната; Ана Фиби (Ana Phoebe) е виолина и Ник Холанд (Nick Holland) е на виолончело. Аранжманот е на Роб Елис (Rob Ellis) кој е познат по својата работа со PJ Harvey.  

Песната е најава и за деби албумот на YOVA „Nine Lives“ кој е најавен за ноември 2021. Јова Радевска и Марк Вернон веќе имаат неколку синглови и EP-изданија: TogethernessMoondogRainAn Innocent ManStay. 


Овој текст е преземен од веб сајтот на новинската агенција Мета.мк. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи