Соработка на Теа и Дупер во новиот сингл „Не ми даваш сон“

„Не ми даваш сон“ од Дупер и Теа

Македонската пејачка Теа Трајковска (Thea) и поп дуото Дупер на 08 септември 2021 ја претставија својата прва заедничка песна. „Не ми даваш сон“ е одлична поп песна, спој на карактеристичните стилови на Дупер и на Теа.

„До соработка со Дупер дојде случајно и првично се работеше за сосема друга песна, но кога влеговме во студио и се споивме креативно се случи нова песна – „Не ми даваш сон“ која е многу поблиску до нас како артисти, а сепак е нов звук и за мене и за нив. Секако се можни повторни соработки во иднина, затоа што оваа беше супер искуство и успешен проект, а и јас сама планирам неколку други соработки кои следат во наредните неколку месеци.“

вели Thea

Текстот на песната е на Теа Трајковска, Илчо Нечовски (Дупер) и Борис Кауринов (Дупер), а Илчо и Теа ги отпеajа вокалите. Теа, Илчо и Борис на музиката за песната соработуваа со Лазар Цветкоски. Цветкоски е и автор на аранжманот и музички продуцент на „Не ми даваш сон“. 

Теа Трајковска веќе има десетина изданија. „Сенки“, „Што би било“, „Кога најдобро те познавам“ се само дел од изданијата кои ги објави досега. Дупер веќе има десетина изданија. На нивните љубители секако им се познати хитовите „Не сум твој тип“ и „Тело за на ТВ“. По три години од објава на првиот сингл, дуото во јули го објави и првиот албум „Хипер“. 

Соработката на оваа песна е на иницијатива на Теа Трајковска, која Дупер веднаш и со задоволство ја прифатија. 

Теа на својот музички профил на Фејсбук напиша „Се радувам на песнава и на соработкава. Нека ни е честит празникот и слушајте македонска музика“. 

„До оваа соработка дојде многу интересно. Кога ни се јави Теа, таа имаше идеја да работиме на сосема различна песна. Сепак, на прво седнување со Лазар почнавме да ја пишуваме „Не ми даваш сон“, а вториот пат во студио песната веќе беше готова“ велат од Дупер. 

Дупер не застануваат на оваа соработка. Тие изразуваат желба за уште соработки со други колеги изведувачи и автори. 

 „Не ми даваш сон“ е достапна на јутуб-каналот на Tea и на популарните платформи за преслушување (streaming) на музика Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Еп’л мјузик (Apple Music). 


Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи