Легенда - Аризона

„Аризона“ – Песна што не се заборава: Легенда и нивната музичка магија

Секој што барем еднаш ја слушнал „Аризона“ од Легенда, знае дека ова не е обична песна. Ова е химна на сите што некогаш се почувствувале изгубени, носталгични или едноставно сакале да побегнат некаде далеку – можеби токму во Аризона. Ајде да нурнеме во приказната за оваа легендарна песна и нејзините автори!

Кратка информација за Легенда и нивните членови

Легенда е бенд со вистински култен статус на македонската поп-рок сцена, и покрај тоа што тие се доживуваат како рок состав, а не поп-рок бенд. Формирани во 1990 година во Тетово, тие брзо го освоија вниманието на публиката со својот, во тоа време, свеж звук и искрени текстови. Првичниот состав го сочинуваа:

  • Крсте Данајловски – Кокан (вокал и ритам гитара)
  • Властимир Тодоровиќ – Власте (клавијатури)
  • Влатко Мишески – Никши (бас гитара)
  • Игор Бачоски – Бачо (тапани)
  • Драгиша Лекоски – Слинки (соло гитара)

Нивниот прв сингл „92“ беше објавен во 1991 година, а веќе следната година победија на Поп-Рок Фест 91 – успех што ги катапултираше во самиот врв на македонската музичка сцена. Во 1996 година дојде до промени во составот, а нов вокалист на бендот стана Александар Јовановски – Алек. Легенда зад себе има неколку албуми, од кои најпознат е „Време е…“ (1998), со хитови кои и денес се слушаат.

Интересен факт: Песната „Време е“ стана неофицијална химна на навивачите на МЗТ Скопје-Аеродром, а во 2018 година за бендот беше снимен и документарецот „Свет без граници“. Ако не сте го гледале – топло го препорачуваме!

Осврти за песната „Аризона“

„Аризона“ е песна што веднаш се препознава по својот заразен и меланхоличен рефрен. Типичен македонски поп-рок, со малку западен призвук – токму тоа што ја прави уникатна. Тематиката е блиска до секого: копнеж по далечина кој некако е вграден во македонската култура на иселување, желба за бегство од секојдневието и носталгија по нешто недостижно. Музиката и текстот совршено се надополнуваат, создавајќи атмосфера што те тера да ја пуштиш песната на повторување (repeat), барем нам ни се случува тоа.

Зошто „Аризона“ беше популарна?

Легенда имаа многу попопуларни песни од „Аризона“, барем тоа е нашата перцепција. Една од тие песни е „92“, но „Аризона“ е една од оние песни што секогаш се пее заедно, без разлика дали си дома, во автомобил или на свирка/настап/концерт. Емотивната изведба и едноставниот, но длабок текст ја прават незаборавна за сите генерации.

Во „Аризона“, лирскиот субјект зборува за желбата да побегне некаде далеку, во земја каде што сонцето секогаш сјае, а проблемите остануваат зад него. Песната е полна со слики на патување, копнеж и надеж дека некаде таму, во далечната Аризона, ќе најде мир и среќа. Песната е уште една потврда на ориентацијата на македонското општество кон западот, уште во деведесеттите години на минатиот век, а особено инфлуенцата од САД. Денес, по повеќе од 30 години само може да го констатираме ова како факт. Не би можеле да пишеме дека рефренот е нешто посебно заразен, но е певлив и се помни.


Песната „Аризона“ е чувство, патување и носталгија спакувани во неколку минути музичка магија. Легенда со оваа песна уште еднаш докажаа дека знаеа како да ги допрат срцата на публиката. Без разлика дали сте ја слушале пред 20 години или вчера, „Аризона“ секогаш ќе ве потсети дека понекогаш сите ни треба малку бегство и соништа за далечни и поубави хоризонти.

Легенда и „Аризона“ – музика што не старее!

Легенда во 2025

На 03 март 2025, градот Тетово им додели награда за особен придонес во културата и уметноста. По тој повод групата легенда настапи во центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово.

Total
0
Shares