Тејлор Свифт (Taylor Swift) е кралицата на музичката индустрија, а оваа недела уште еднаш ја потврди својата доминација. Реизданието на „1989 (Верзијата на Тејлор)“ (1989 (Taylor’s Version)) е нејзин 13 студиски албум на врвот на топ листите. Пејачката сега е единствената која има шест изданија со над 1 милион продажби во првата недела.
За само една недела 1989 (Верзијата на Тејлор) е и најдобро продаван албум оваа година. Првите три места според продажбата оваа година се на Тејлор Свифт. „Midnights“ (2022) се продаде во 791.000 примероци оваа година, а „Speak Now (Taylor’s Version)“ од јули има 755.000 продажби.
За само една недела во САД се продадоа 1.653 милиони копии од албумот. Во остатокот од светот се продадени 3,5 милиони копии. Ова е најголема продажба во првата недела за Тејлор Свифт и најголемо деби за албум од албумот „25“ на Адел (Adele) во 2015 година.
Сите 13 студиски албуми и реизданијата на Тејлор Свифт по нејзиниот втор албум „Fearless“ дебитираа на првото место на топ листата.
Без сомневање 2023 година е одлична за Тејлор Свифт. Ова е трет пат пејачката да биде на првото место на топ листата во 2023. Досега оваа година ги освојуваше топ листите со проширената верзија на последниот студиски албум „Midnigihts“ и со „Speak Now (Taylor’s Version)“. Турнејата Eras Tour само од продажба на билети ќе заработи 1 милијарда долари. „The Eras Tour“ е најпопуларен концертен филм во историјата.
Продажбата на реизданието на „1989“ го надмина претходниот рекорд на Тејлор Свифт. Интересно е што овој рекорд на продажби во прва недела досега го држеше оригиналното издание на „1989“ издадено во 2014 година. Реизданието е на шесто место според продажбата во прва недела на листата изданија од 1991 година. (Во 1991 година Luminate започна да ја следи продажбата на музички изданија.) Еве како изгледа листата сега: Адел „25“ (3.378 милиони, 2015), NSYNC „No Strings Attached“ (2.416 милиони, во 2000), NSYNC „Celebrity“ (1.878 милиони, 2001), Eminem „The Marshall Mathers LP“ (1.76 милиони, 2000), Backstreet Boys „Black & Blue“ (1.591 милиони, 2000) и „1989 (Taylor’s Version)“ (1.359 милиони).
Една од причините за одличната продажба се и колекционерските изданија на „1989 (Верзијата на Тејлор)“. Има 15 различни физички изданија. Албумот е достапен на винил во 5 различни варијанти, 8 различни CD изданија, и две изданија на касети. Освен физичките изданија албумот е достапен во две различни дигитални верзии стандардна и делукс. Стандардната верзија доаѓа со 21 песна. На делукс верзијата е додадена бонус верзија на Bad Blood со Кендрик Ламар (Kendrick Lamar).
Тејлор Свифт го најави 1989 (Верзијата на Тејлор) на 9 август 2023 година за време на настапот на SoFi стадионот во Калифорнија.
На изданието покрај тринаесетте оригинални песни се додадени и 5 нови траки. Песните кои пејачката ги извади од „сефот“ (From The Vault) се: „Is It Over Now?“, „Now That We Don’t Talk“, „Say Don’t Go“, „Suburban Legends“ и „Slut!“.
Издавачите се обидуваат да ги запрат реизданијата
За жал не сите се радуваат на успехот на реизданијата на Тејлор Свифт. Најголемите музички издавачи Universal Music Group, Sony Music Entertainment и Warner Music Group се обидуваат да пронајдат начин да ги спречат пејачите да ги реиздаваат своите песни. По успехот на реизданијата на Свифт тие ги променија новите договори кои ги потпишуваат со пејачите. Некои од нив додаваат клаузули кои ќе ги спречат пејачите во следните 10, 15, па и 30 години да ги реиздадат песните откако го напуштат издавачот.
Кога го видов првпат, се обидов целосно да се ослободам од него. Помислив „Што е ова? Ова е чудно. Зошто би се согласиле на дополнителни ограничувања отколку што се договоривме во минатото со истиот издавач?, вели адвокатот Џош Карп за Billboard.
Карп зборува за своето искуство со Universal Music Group, но и останатите издавачи ги менуваат договорите. До неодамна договорите за реиздавање беа период од пет до седум години по издавање на албумот, или 2 години откако ќе истече договорот со издавачот.
Сѐ започна откако инвеститорот и менаџер на Џастин Бибер (Justin Bieber), Скутер Браун (Scooter Braun) го купи издавачот Big Machine Music Group. Big Machine Music Group ги поседуваа оригиналите за „Taylor Swift“ (2006), „Fearless“ (2008), „Speak Now“ (2010), „Red“ (2012), „1989“ (2014) и „Reputation“ (2017).
Во 2015 година на петнаесетгодишната Тејлор Свифт потпиша договор со Big Machine Music Group. Со овој издавач остана во следните 10 години. Според договорот кој го потпишаа Big Machine Music Group ги поседуваа оригиналите од сите песни или настапи. Во 2016 година Тејлор Свифт ја издаде „Tim McGraw“ и оттогаш кариерата и експлодира.
Пејачката се обиде да дојде до оригиналите, но ова не и успеа. Во 2019 година Скутер Браун ги купи Big Machine Records. Како што самата вели ова за неа е кошмарно сценарио.
„Постојано размислував за манипулативното малтретирање што го добивав од неговите раце со години“, рече таа. „Кога Ким Кардашијан оркестрираше незаконски снимен исечок од телефонски повик за да биде обелоденет, а потоа Скутер ги собра своите двајца клиенти за да ме малтретираат на интернет поради тоа. Или кога неговиот клиент, Канје Вест, организираше одмазднички порно музичко видео кое ми го соголува телото. Голи. Сега Скутер ми ја одзеде животната работа, која не ми беше дадена можност да ја купам. Во суштина, моето музичко наследство ќе лежи во рацете на некој што се обиде да го растури.“
Во 2020 година Тејлор Свифт конечно дојде до идеја како да си ги врати песните. Пејачката објави дека ќе ги пресними сите песни од претходните албуми.
„Неодамна почнав да ја преснимамувам мојата постара музика и тоа веќе се покажа како возбудливо и креативно ме исполнува. Имам многу изненадувања. Сакам да ви се заблагодарам што ме поддржувате низ оваа сага и едвај чекам да слушнете што сонував“.
Пејачката не само што ги издаде првите албуми, туку побара од своите фанови и радио-станиците да ги пуштаат Taylor’s Version на албумите. Практично, ова значеше дека издавачот нема да заработува од стримовите и од емитувањето на песните.
Во еден дел искуството со Тејлор Свифт со Big Machine Records ги промени и договорите кои ги потпишуваат музичарите. Дел од нив сега не наместо да препишат целата музика на издавачите, им даваат лиценца за одреден период. Па ситуација како таа во која издавачот ги поседува оригиналите нема да може да се повтори.