„Такав човек“ од Самоникли (1968)

„Такав човек“ од Самоникли

Самоникли“ е поранешна југословенска рок група, позната и како една од пионерските групи во југословенската рок сцена, формирана во 1963 година.

Самоникли беа:

  • Милан Павлов – соло гитара,
  • Бојан Дрндиќ – ритам гитара,
  • Марко Новаковиќ – бас гитара,
  • Дино Матијевиќ – тапани.

Оваа песна е снимена во 1968 година за емисијата „Концерт за млади луди свет“ во продукција на РТБ.

Групата го добила името според книгата со куси раскази, чиј автор е Прежихов Воранц. Во почетокот редовно свиреле на Технолошкиот факултет во Белград и станале популарни. Во 1966 година го освоиле првото место на Светскиот фестивал на млади рок-групи, по што ја претставувале Југославија на меѓународниот фестивал на млади изведувачи во Унгарија, каде што биле наречени „западна“ група.

Пред крајот на кариерата направиле преработки на многу хитови од Џими Хендрикс, а се распаднале во почетокот на 1969 година. Во 1985 година повторно се составиле, а повод бил настанот – „25 години рок музика во Белград“. Во 2003 година, по повод 40-годишнината од формирањето, одржале концерт за своите пријатели и фанови во клубот „Дуга“ во Белград.

Самоникли
Фотографија од списанието Џубокс – бр. 1 од 3 мај 1966 година

Самоникли“ биле првиот „електричен бенд со гитара“, кои соработувале со група виолинисти, снимајќи две нови песни: „Дозвољавате ли господине“ и „Поветарац и ја“. Втората песна се нашла на топ-листата во 1966 година на Радио Белград во емисијата „Музички автомат“.

Освен овие две песни, во нивни аранжмани се снимени и песните: „Усамљена гитара“ и „Не уступам вам своје место“.

Самоникли
Фотографија од списанието Џубокс – бр. 1 од 3 мај 1966 година

И еден мал куриозитет: Членовите на „Самоникли“ се единствената југословенска рок-група, кои во тие години на експанзија на рок-музиката, немале долги коси – „заради принцип и лична хигиена“, а најважно за нив било – „квалитетот на звукот и изведбата, вклучително и физичкиот изглед“.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи