„Бонбониера“ е новата песна на Тајзи

Бонбониера

Кумановскиот артист Тајзи (Tyzee) ја објави својата нова песна „Бонбониера“. Песната е испеана на српски јазик и објавена на официјалниот Јутјуб канал на Тајзи. 28 јули 2023 е датумот на објавување на песната.

Авторот на видео записот е Даниел Јовески. Видео записот е снимен на две локации, во Барцелона и Охрид.

Тајзи е артист со долгогодишно искуство. За време на неговата долга кариера тој има многу песни што останале запомнати од слушателите. „Чувај ни га боже“ е песна пред девет години и е негова најпозната песна што има повеќе од три милиони прегледи.

Текстот на песната „Бонбониера“ е напишан од Драган Величковски (Тајзи) кој ги пее вокалите. Тој е автор на музиката заедно со Лазар Цветкоски. Исто како и во песната „Fashion week“ од Јосиф, аудиомиксот и мастерингот се на Лазар Цветкоски. Автор на аранжманот е Александар Миличевиќ (Фјаза)

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи