Тони Зен со нов сингл „Ел Падрино“ (El Padrino)

Тони Зен - Ел Падрино

„El Padrino“ е новата песна на Тони Зен објавена на неговиот официјален Јутјуб канал. „El Padrino“ е прва песна за Тони Зен во 2023. По промоцијата на песната се појавија и првите позитивни реакции на социјални мрежи.

Песната има видео спот за кој многумина сметаат дека е филмски. Артистите Слаткаристика и Пецо Исток се дел од овој видео спот за кој е задолжен Влади Гавриловски.

Лириката е напишана и испеана/израпувана од Тони Петковски (Тони Зен). Иван Костадинов (The Smoke House) е автор на аранжманот и музиката. Тој е одговорен и за инженерската перспектива т.е. за аудиомиксот и мастерингот.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи