„Нијагара“ е првиот сингл на Тамара Тодевска во 2023

Тамара - Нијагара

Тамара Тодевска повторно се враќа на музичката сцена со нова песна „Нијагара“ (Nijagara) објавена на 22.03.2023 на нејзиниот Јутјуб (YouTube) канал.

Oваа песна има и видео запис за кој што се погрижи режисерот Огнен Шапковски. Текстот и музиката се креирани од Тамара во соработка со Лазар Цветкоски.

Песната е изведена на српски јазик. Оваа песна е најава на серијата музички изданија од Тамара со која таа примарно ќе и се обраќа на српската публика. На 23 април 2023 таа преку својот Фејсбук профил објави:

Секогаш е задоволство да се биде во Белград, градот за кој ме врзуваат преубави моменти. Деновиве имам повеќе гостувања во Србија, на ТВ и радио станици, во рамки на промоцијата на „Nijagara“

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи