ВБУ Музички регистар е официјално мртов

ВБУ Музички регистар

По речиси цела година неактивност, во 2024 година, на 4 јануари 2024 веб-сајтот на ВБУ Музички регистар престана да биде видлив. Сајтот беше достапен за јавноста повеќе од 10 години (2013-2024) преку доменот www.muzichkiregistar.com и www.muzichkiregistar.mk.

Преку затворање на веб-сајтот на Регистарот и официјално се затвора едно, за мене како основач, интересно патување во кое се вградуваа многу добри сензации, неочекувани ситуации и непријатни искуства. Во 2024 година основниот тим на чело со мене како основач на оваа иницијатива, не смогна сили за продолжување со активна работа да го одржува Регистарот.

Од денес, 4 јануари 2025 кога веќе престанува да биде видлив веб-сајтот на ВБУ Музички регистар и кога официјално Регистарот станува минато, домените muzichkiregistar.mk и muzichkiregistar.com што водеа до веб-сајтот на ВБУ Музички регистар пренасочуваат до веб-сајтот на Музика нонстоп денес, што исто така како Регистарот, има за цел да ги раскажува и приказните за домашната музика.

Кратко за ВБУ Музички регистар

ВБУ Музички регистар беше иницијатива за раскажување на приказните за македонската музика. Од евидентирање на основните технички податоци за музичките изданија преку кои се градеше неформален регистар за нив, преку создадени написи за музички настани, состојби, статистички извештаи, интервјуа, дигитализирање на музички написи од стари печатени медиуми и раскажани приказни за македонската музика до поддршка на трети проекти поврзани со македонската музика.

Во ВБУ Музички регистар проциркулираа повеќе луѓе. Од сите нив, најдолг период со оперативни активности и директен придонес партиципираа четворица луѓе (актуелното јадро): (од лево на десно) Дејан Соколоски, Марјан Доказа, Васил Буралиев (основач) и Златко Ангелески.

Принципот на работа беше: работи секој колку сака, кога сака и на што сака. Се разбира, овој модел се менуваше во зависност од прифатените обврски кон трети субјекти. Тоа е сценарио во кое членови на јадрото превземале обврска кон трети субјекти, односно се обврзале дека ќе испорачаат одредена вредност. На пример, последна таква обврска беше кон Министерството за Култура што заврши со завршувањето на 2023 година. Се обврзавме дека ќе дигитализираме 300 написи (вкупно 600 во Архивата) од стари печатени медиуми и ќе ги овозможиме за јавноста во истата година.

Компоненти на ВБУ Музички регистар

Регистарот е иницијатива што интегрираше повеќе компоненти. Следењето на македонските музички изданија и нивно евидентирање за градење не-официјален регистар беше иницијална и носечка компонента. Креирањето дополнителни содржини околу и за нив беше значаен дел од Регистарот.

Основни компоненти/проекти/работни стримови на иницијативата се:

  1. Регистарот на музички изданија и објави од домашната продукција,
  2. Написи во различен формат (интервјуа, колумни, вести, извештаи, анализи).
  3. Календар со музички настани поврзани со домашната (во најголем процент) авторска музика. Во календарот се евидентирани 1.328 настани (доминантно активен: Марјан Доказа).
  4. Архива со дигитализирани и класифицирани написи од стари печатени медиуми, се разбира повторно поврзани со македонската музика. Дигитализирани се 967 написи од 54 печатени изданија објавувани во период од 1946 до 2019 година (доминантно активен: Златко Ангелески)
  5. Фотостории (доминантно активни: Марјан Доказа, Васил Буралиев) 

Други проекти и активности

Во период од 10 години (од 2013 до 2023) активност, ВБУ Музички регистар еволуираше и се развиваше преку различни проекти. Некои траеле по неколку недели, а на некои од нив векот им се брои во години. Списокот брои десетици проекти под знамето на Регистарот. Во оваа прилика ги издвојувам следниве:

  • Месечен билтен (Newsletter)
    24 месеци во 2021 и 2022 година беше подготвуван месечен билтен со последните и одбрани информации за изминатиот месец во кој имаше и сумарни извештаи за домашната музичка продукција во месецот. Билтенот беше испраќан на електронските адреси (email) на повеќе од 500 претставници на медиумите и поединци кои доброволно се пријавиле за примање на месечниот билтен.
  • Месечен ТОП 10
    Беа креирани 18 месечни ТОП 10 листи со песни објавени во месецот на кој се однесуваше топ листата. Последната топ листа беше објавена за декември 2022 кога ТОП 10 листата и месечниот билтен престанаа да се креираат.
  • Аудио стриминг канал со хип-хоп музика
    Една од иницијативите беше и интернет канал за преслушување музика, популарно наречено интернет радио, преку кој имаше можност да се слуша хип-хоп музика од домашната продукција. Каналот функционираше околу 2 години и можеше да се слуша музика преку било кој уред што поддржува интернет прелистувач (Internet browser). Преку аудио каналот можеше да се слуша музика на мобилен телефон и со изгасен екрај, функција што денес ја има Spotify и комерцијалниот сервис на YouTube Music.
  • Веб-сајт за изведувач
    Беа креирани 6 пилот веб страници (single page website) за Нокаут, Страјк, Кабадајас, Фолтин и 2 Бона. Целта беше да се групираат информациите за изведувачите што во различен формат и во различните рубрики ги прибираше и објавуваше Регистарот, олицетворени во модерен дизјан за мобилни уреди. Идејата беше ова да биде веб сајт за секој изведувач за кој регистарот прибира информации чија содржина ќе се ажурира автоматски од податоците и информациите на Регистарот.
  • Музички новости за Meta.mk
    Дел од тимот на Регистарот во 2021 година креиаше кратки информативни бести за нови домашни музички изданија за порталот Мета.мк.
  • API (Application Programming Interface)
    Оваа текничка компонента е слој од архитектурата на техничкото решение што дозволува превземање на податоци од базата на Регистарот од други електронски системи (софтверски решенија). На овој начин овозможено беше автоматско превземање на податоци од Регистарот и нивно понатамошно користење во друго софтверско решение.
  • Механизам за пребарување и филтрирање
    Едноставни функционалности што овозможуваа пребарување на податоците што ги акумулирал Регистарот.
  • Учество во публикацијата „Макстат избор“ на Државниот завод за статистика
    Две години (2021, 2022) учество преку споделување сумарни податоци (статистички показатели) за домашната музичка продукција во годишната публикација на Државен завод за статистика „Макстат избор“.
  • Финансиска поддршка на трети проекти
    Македонска Рок Енциклопедија“ од Тошо Филиповски; ЦД издание на третиот албум на Страјк, „Низ мојот живот“. ЦД издание на албумот „Балканизам“, музичката програма на „Grand Vin 2022“. 
  • Фотографии од претставници на македонската музичка сцена
    Фотографии од македонски музичкати за слободно користење (под Creative Common (CC) лиценца) достапни за преземање преку Фликр (Flickr)
  • Пракса за млади луѓе кои
    Преку придонесувајќи за Регистарот на различен начин, успеале да стекнат работно и волонтерско искуство.
  • Видео серијал
    Го креиравме видео серијалот „10 прашања со…“ од 9 епизоди со хип-хоп изведувачи кои одговорија на десетте наши прашања.
  • ВБУ Музички регистар во ХЕМИ Инкубатор програмата
    Во 2023 година ВБУ Музички регистар учестуваше како дел од одбраните идеи/стартапи на програмата ХЕМИ Инкубатор (HEMI Incubator).
  • Публикација „Ретроспектива Макфест 1986“
    Проект преку кој се креираше публикација за првото издание на Макфест издадено во 1986 година.

Зошто Регистарот престанува да работи?

ВБУ Музички регистар - биланс на креирани содржини во 2023

Поради две основни причини:

  1. Намалување на ентузијазмот и желбата да се следи македонската музичката, дополнително стимулирано од чинителите на музичкиот живот во друштвото.
  2. неуспех во обидот да се најде деловен (бизнис) модел што ќе обезбеди континуирани активности што нема да се базираат на волонтерство и ќе ја одржи динамиката на активностите на создавање соджина и активно следење на животот поврзан со македонската музика.

Основната цел беше ентузиазмот на основниот тим на ВБУ Музички регистар, вклучително и мојот, да го заѕидаме со помош на редовен приход на бонови од Народната банка со што ќе можеше да се ангажираат луѓе што ќе го работат тоа како професионалци 40 часа во неделата. Со таа цел, аплициравме два пристапа:

  • Првиот пристап беше моделот со донации, кој беше отворен нешто повеќе од 2 години.
  • Вториот пристап беше понуда на комерцијална услуга што беше понудена во втората половина на 2023. 

И двата пристапа беа неуспешни – не ја постигнаа главната цел.

Мојата проценка е дека не понудивме доволно голема вредност љубителите на музиката, ентузијастите, професионалците па и релевантните претставници од јавниот сектор да си брцнат во џепот. Во изминатите години добивме голема вербална поддршка, пофални и убави зборови за она што го создававме/создаваме. Но единственото гориво за одржливост и уште повеќе за развој и раст што ќе го надомести ентузијазмот кога тој ќе се намали во модерниот свет се парите. 

Во период од ноември 2022 до одреден момент во 2023 активностите се намалуваа но со ажурно полнење на архивата со написи со цел да се исполнат обврските кон Министерството за култура во 2023, до моментот на комплетно запирање со креирање/евидентирање нова содржина во еден момент во 2024 година.

Денес, 29 декември 2024 година веб сајтот на ВБУ Музички регистар престанува да биде видлив.

Луѓето што се вградија во ВБУ Музички регистар

Покрај основнио тим на Регистарот (јадрото), на различен начин во период од 10 години повеќе луѓе и правни субјекти придонесоа за градењето и развојот на Регистарот. Секој од нив заслужува јавна благодарност. Во ова воведно заглавие посветено на сите оние што се вградија како поддржувачи на идејата би го спомнал Министерството за култура кое 3 години одвои средства што придонесоа во одржувањето на регистарот во тие години.

Проширен тим

Емилија Буралиев, Тони Спасовски, Бојан Перевски, Максим Буралиев, Арсениј Ангелески, Славчо Ковилоски, Исидора Ангелеска, Ива Зафировска.

Пријатели

Анета Перевска
Васко Карев
Борјан Стојков
Денис Алексоски
Никола Перевски
Огнен Спироски
Далибор Стаменковиќ
Нина Атанас
Игор Китановски
Огнен Пауновски
Дени Омерагиќ
Петар Вуксановиќ
Ања Ристовска
Петар Каевски
Александра Јовановска

Томи Апостолов
Југотон 1/2
Off.net.mk
Emit Knowledge
Андреј Танески
Ива Зафировска
Илија Вучков
Јована Лончар
Владо Петроски
Марјан Николовски
Милан Петковски
Љубица Буралиева
Дејан Величковиќ
Јулијана Милутиновиќ
Ирена Трајковски
Филип Стојановски

Костадин Шурбановски
Тошо Филиповски
Горан Атанасовски
Васка Наумова-Томовска
Јанко Илковски
Гордана Гоџо
Зорица Сотировска
Александар Темков
Филип Стојановски
Горан Ацески
Урош Вељковиќ
Гораст Цветковски
Елизабета Чингаровска
Бранко Аврамовски
Јана Бурческа

Биланс на креирани содржини

Музички изданија

Во периодот на активност на музички регистар (10 години) евидентирани се податоци за:

  • 12.145 музички изданија (синглови, албуми, музички компилации и проширени изданија (EP)
  • 7.671 изведувачи (соло изведувачи, бендови и музички групи)
  • 15.306 учесници (физички лица, луѓе што учествувале во реализација на музичките изданија, како што се вокалистите, инструменталистите, продуцентите, текстописците и сите останати личности што учествувале во создавање (автори) и снимањето на музичките изданија)
  • 45.358 песни (фонограми)
  • 833 издавачи (во контекст на ВБУ Музички регистар издавач може да биде и YouTube канал преку кој се овозможува јавно преслушување на музичка содржина, песна.

Написи

Беа креирани 2.523 написи што ги раскажуваа приказните за македонската музика.

  • Колумни: 12
  • Интервјуа: 47
  • Настани: 1.328
  • Вести: 37
  • ВБУМР ТОП 10: 18
  • Растежот на хип хопот: 6
  • Архива на написи од стари печатени медиуми: 967
  • Фотостории: 108
Број на написи по автор - ВБУ Музички регистар

Сеќавања

За ВБУ Музички регистар на трети медиуми

Видеа

  • Стисни Play – ТВ магазине на МТВ
    ВБУ Музички регистар на „Стисни плеј“
    Нашиот член Васил Бурлаиев гостува на септемвриско издание во 2022 година на ТВ музичкиот магазин Стисни плеј на МТВ. Одговара на неколку прашања за почетоците на регистарот, критериумите за евидентирање на музичките изданија, августовската ВБУМР ТОП 10. (септември 2022)
  • ТВ прилог за Роднокрајно музичко творештво
    Постојна поставка во прилепскиот музеј, иницијатива на ВБУ Музички регистар.
    Видео прилог за постојната поставка „Роднокрајно музичко творештво“ во прилепскиот музеј, иницијатива на членот на ВБУ Музички регистар Златко Ангелески (јуни 2022)
  • Видео инервју за магазинот Фронтлајн
    За ВБУ Музички регистар преку одговори на неколку прашања
    Интервју со Васил Буралиев за магазинот Фронтлајн (Frontline) (јули 2021)
  • За „1000 претплатници“ на ТВ емисијата Јади Бурек
    Детали за иницијативата 1000 Претплатници (1000 Subscribers)
    Бојан Перевски гостин во ТВ емисијата Јади Бурек со Јанко Иловски (април 2021)
  • За ВБУ Музички регистар во Јади Бурек
    Претставување на ВБУ Музички регистар
    Васил Буралиев гостин во ТВ емисијата Јади Бурек со Јанко Илковски. (јули 2020)

Радио емисии и поткасти

  • Интервју за Радио Војводина
    Интервју со Васил Бруалиев за Радио Војводина
    Васил Буралиев одговара на прашања поврзани со работата на ВБУ Музички регистар во радио емисијата „Македониум“ (19 октомври 2022) емитувана на радио Војводина – Србија, чии уредник и водител е Јулијана Милутиновиќ (октомври 2022)
  • Интервју за Националносто австралиско радио СБС на македонски
    Музички регистар – онлајн библиотека со илјадници македонски композиции
    Поткаст со Бојан Перевски како гостин на радио програмата на националното австралиско радио СБС Македонски (мај 2021)

Написи

  • За „1000 претплатници“ на vezilkamagazine.com
    Музичкиот регистар со иницијатива „1000 претплатници“ за поддршка на македонската музичка фела
    Напис за иницијативата „1000 претплатници“ на Ирена Трајковка за Везилка (vezilkamagazine.com)
  • Интервју за Global Voices
    Преку прибирање знаења, група волонтери поттикнуваат развој на македонската музичка индустрија
    Интервју со Васил Буралиев за активизмот што го прави тимот на регистарот објавено во Глобал Војсис (Global Voices) – македонска верзија | англиска верзија
  • За ВБУ Музички регистар на it.mk
    Претставување на Регистарот во it.mk
    Еден од првите написи за Регистарот. Кратко претставување на Регистарот во it.mk
  • За ВБУ Музички регистар на ekran.mk
    Интервју – ВБУ: Ентузијасти кои ни го претставуваат (и евидентираат) македонското музичко творештво!
    Интервју во кое може да се разбере за тоа зошто постои Регистарот и каква е неговата олога. Интервјуто е направено од ekran.mk
  • Интервју за novamakedonija.com.mk
    „Имаме непроценлива база на архивски материјал“, интервју за novamakedonija.com.mk во кој Златко Ангелески го претставува Регистарот
  • За музејската поставка во прилепскиот музеј, напис во zenit.mk
    За постојната поставка со музички артефакти во прилепскиот музеј
    Информативен напис во zenit.mk за музејската постојана поставка со музички артефакти во прилепскиот музеј. Иницијативата за оваа поставка е на членот на ВБУ Музички регистар Златко Ангелески.

Публикации

  • МакСтат избор 2022 – Државен завод за статистика
    Публикација објавена од Државен завод за статистика во која се објавени сумарни податоци за македонската музичка продукција обезбедени од ВБУ Музички регистар.
  • МакСтат избор 2021 – Државен завод за статистика
    Публикација објавена од Државен завод за статистика во која се објавени сумарни податоци за македонската музичка продукција обезбедени од ВБУ Музички регистар.
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи
Дистровид - дистрибуција на музички видеа
Read More
Дистровид: Платформата за дистрибуција на музички видеа што уметниците треба да ја знаат
Откријте ја моќта на дистрибуцијата на музички видеа со Дистровид. Без напор допрете до повеќе гледачи, ангажирајте ја вашата публика и генерирајте приход.